СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ РЕШЕНИЈА И УСЛУГИ

Општинска управа

ГИС технологии

iOpstina.mk е единствениот отворен WEB ГИС портал во Македонија, дизајниран и реализиран на начин да ги задоволи потребите од геопросторни информации и анализи на вработените во општинската администрација, државните институции, јавните претпријатија, бизнис заедницата и граѓаните.

iOpstina.mk е сплетен (Interent WEB) систем за дистрибуција на големи количини геопросторни податоци и овозможува пребарување, преглед, анализа на количините на просторните елементи, мерење на растојанија и површини на сите видови информации во просторот кои можат да се прикажат на дигитална карта. iOpstina.mk вклучува општински, регионални и државни просторни информации кои се јавно достапни или достапни со овластувања на институциите во Република Македонија.

ЗОШТО iOpstina.mk ?

Главните предности кои ги нуди порталот iOpstina.mk:

  • сите просторни податоци од сите општински служби, заедно со националните податоци се на едно место;

  • сите податоци се достапни 24 часа / 7 дена во неделата преку интернет;

  • зголемување на продуктивноста на корисниците во општинската управа;

  • растоварување на општинската управа од посети на граѓаните;

  • отпаѓа потребата од купување непотребна и скапа компјутерска технологија,  софтверски лиценци и брзи интернетни комуникациски врски, кои инаку, би функционирале само во рамките на општинската зграда;

  • нема потреба од вработување на скапи кадри (ГИС специјалисти);

  • размена на искуства на добри и лоши практики помеѓу општинските администрации;

  • пристап до системот на неограничен број корисници (внатрешни и надворешни) без компромис во перформансите на системот

* Достапувате до јавните податоци на Општина Битола - првиот корисник на iOpstina.mk во Македонија. Во порталот влезете без најава.

Вашиот ГИС може да личи на зелка, доколку со вашите просторни податоци не почнете да управувате со помош на информатичките технологии.

И тогаш кога ќе одлучите да го направите тој чекор, ќе се соочите со најмалку 2 концепта:

Концепт
„ЗАТВОРЕНА ЗЕЛКА*“

Целата потребна инфраструктура ја набавувате самите (сопствена ГИС инфраструктура), а ГИС системот најчесто останува заворен за јавноста и бизнис заедницата.

Колку тоа чини?

Концепт
„ОТВОРЕНА ЗЕЛКА*“

Целата потребна инфраструктура ја изнајмувате кај нас, а по ваша желба, ГИС системот е веднаш достапен за јавноста и бизнис заедницата.

Колку тоа чини?

* Аналогијата на ЗЕЛКАТА со ГИС-от е симболична: Географските информациски системи (ГИС) заради нивната способност да чуваат и прикажуваат многу различни слоеви со податоци, често потсеќаат на лисјата од зелка кои меѓусебно се препокриваат во слоеви.

ИНТЕГРИРАНИ ПРОГРАМСКИ МОДУЛИ

Порталот iOpstina.mk (www.iOpstina.mk) е врвно и моќно модуларно сплетно ГИС решение наменето за потребите на општинските управи, но е прилагодено и за потребите на комуналните претпријатија (www.iKomunala.mk), како и другите управувачи со инфраструктура (www.iNfrastruktura.mk). Основната програмска апликација може да се надградува со различен спектар на дополнителни програмски функционалности и опции. Самиот систем, покрај основниот, содржи повеќе од 20 дополнителни програмски модули, кои што се надградуваат над јадрото на системот во силна просторна алатка за успешно спроведување на општинските задачи од областа на систематското просторно уредување.

Основниот или СТАНДАРД модулот е влезен модул за прикажување, уредување и дистрибуција на просторните податоци на општината. Со него ги прикажуваме и поврзуваме просторните податоци од национално, регионално и општинско значење. Програмската апликација која стои зад порталот iOpstina.mk носи комерцијален назив iOpstina.mk STANDARD.

Секој програмски модул претставува заокружена програмска целина. Модулите се содржински поврзани и еден со друг се надградуваат и дополнуваат. Програмските модули се групирани во функционални целини во зависност од примената

ГИС системот iOpstina.mk претставува највисок облик на дистрибуција на уредени просторни податоци за општините во Македонија.

ОПШТИНСКА УПРАВА

ИНФРАСТРУКТУРА

 

СООБРАЌАЈНА

ЕНЕРГЕТСКА

КОМУНАЛНА

ЕВИДЕНЦИЈА НА ЛЕГАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ

СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ГРОБИШТА

ИЗВОД ОД ПЛАН

ПАРКИНЗИ

 

ЈАВНИ ПОВРШИНИ

ПЛАНСКИ АКТИ - ИЗЛОЖУВАЊЕ

ОПШТИНСКИ УЛИЦИ

 

ГРАДСКО ЗЕЛЕНИЛО

ПРЕДЛОЗИ и ИНИЦИЈАТИВИ

     

ПОТВРДА ЗА НАМЕНА на ЗЕМЈИШТЕТО

     

ОПШТИНСКА СОПСТВЕНОСТ

     

ОПШТИНСКИ СТАНОВИ

     

ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА

     

ДАНОЦИ

     

 

Како да станете корисник на iOpstina.mk?

Политиката за користење на порталот iOpstina.mk е наем на ГИС инфраструктурата која стои зад него и наем на ГИС специјалистички услуги на стручниот тим од ГеоЛИНК. Вашите податоци, по претходно дадено овластување, ни ги доверувате на обработка кои, пак, логично и функционално ги поврзуваме и уредуваме во целина за секојдневните потребите на вработените во општинската управа, како и за општа употреба од страна на граѓаните.

Наместо да трошите големи средства за набавка на сопствена ГИС инфраструктура, склучете со нас договор за наем на истата, а драгоцените средства инвестирајте ги во придобивање и изработка на вашите уште подрагоцени просторни податоци. Следете ги следниве чекори:

  1. Со нас склучете договор за наем на ГИС инфраструктура за најмалку 12 месеци. Во зависност од бројот на жители во вашата општина, наемот изнесува од 230€ до 510€ на месец;

  2. Склучете договор за наем на ГИС специјалист, кој ќе ви помогне во прибирањето и прилагодувањето на дигиталните податоци за објавување на сплетниот ГИС портал. ГИС специјалистот ќе ви ги конвертира и сите геодетски елаборати во ГИС структурирани податоци. Наемот на оваа услуга зависи од бројот на закупени часа на месец. Основниот и најефтиниот закуп изнесува 216 € на месец;

  3. Дајте ни овластување да ви ги обезбедиме достапните податоци од државните и други јавни институции. Вашите податоци предадете ни ги на обработка и во рок, обично не подолг од 60 дена, вашата општина може да ги подготви првите просторни анализи и извештаи преку сплетниот ГИС портал www.iOpstina.mk;

ЕДНОСТАВЕН ПОЧЕТОК!!

6 чекори до вашите први објавени податоци на општинскиот ГИС портал:

ЗА ГОЛЕМИ ОПШТИНИ

Доколку вашата општина брои над 65.000 жители и по прв пат склучувате договорот за наем на ГИС инфраструктура и ГИС специјалисти, ќе ви одобриме 3-месечно БЕСПЛАТНО користење на порталот iOpstina.mk STANDARD.

 

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk