ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА

ОПШТИНСКА УПРАВА

ГИС

Законот за третман на бесправно изградените градби е еден од поголемите и поважните логистички проекти во државата. Првиот дел е пред завршеток. Правните и физичките лица веќе ги поднесоа своите барања. Сега е редот на вас - општините!

Како се справувате со десетиците поднесоци за легализација што дневно пристигнуваат во вашата општина? А што е со стотиците или илјадниците што се веќе пристигнати? Имате ли и друга корист од геодетските елаборати и геодетските снимки на објектите чија легализација се бара, освен 1€ на квадратен метар? Знаете ли за кои делови од вашата општина приоритетно ќе нарачувате нови или дополнувања на постоечките ДУП-ови врз основа на примените барања?

Проблематиката на легализација на бесправно изградените објекти во вашата општина е директно поврзана со прибирањето на данокот од имот од сопствениците на тие објекти, а тоа пак, директно влијае врз приходите во вашата општина. Посоветувајте се со секторот или одделението за урбанизам во вашата општина за вредноста што ја имаат стотиците или илјадниците геодетски елаборати за легализација што дневно ви пристигнуваат. Ако знаете дека имате можност сите тие да ги поставите во ДИГИТАЛЕН ПРОСТОР НА ЕДНО МЕСТО, ќе добиете:

  • Ажурирана геодетска подлога, за која не мора да чекате да биде обработена од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, а потоа истата да ја набавувате по крајно високи цени;

  • Непроценливи информации за утврдување на приоритетот при планирањето и нарачката за изработка на нови или дополнување на постоечките ДУП-ови за реоните со најголем број поднесоци или поднесоци од најголема важност за вас;

  • Точна квадратура на легализираните објекти за пресметка на комунални такси или „новиот“ данок од имот;

Но, како да дојдете до сите овие податоци на едно место, брзо и ефикасно, а при тоа веднаш да ги ставите во употреба?

ГеоЛИНК д.о.о. има единствена екипа во државата со проверени искуства, знаење и технологија да ви помогне во одговорите на погорните прашања. Ви ја нудиме нашата експертиза и нашето ВИСОКОТЕХНОЛОШКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ, ЕВИДЕНЦИЈА, ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА И АНАЛИЗА НА ДИГИТАЛНИТЕ ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТИ ВО РАМКИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ ГИС СИТЕМ.

Што опфаќа решението iOpstina.LEGALIZACIJA?

  • Испорака на методологија за прибирање на дигиталните податоци од овластените геодетски бироа и оние кои се веќе пристигнати кај вас;
  • Изработен правилник наменет за геодетските бироа, со упатство за пренос на дигиталните податоци директно во изнајмената ГИС инфраструктура;
  • Изработка на работни дијаграми (workflows) со специјализирани високотехнолошки програмски алатки за конверзија и миграција на дигиталните геодетски елаборати во геопросторна база на податоци;
  • Автоматска периодична (месечна) конверзија / миграција на дигиталните геодетски елаборати во геопросторна база на податоци и нивно објавување на општинскиот ГИС портал www.iOpstina.mk.*
  • Достап до општинскиот ГИС портал за неограничен број корисници!

* Предуслов за набавка на ова решение е претходно склучен договор за приклучување на вашата општина кон пан-државниот ГИС портал www.iOpstina.mk.

НАПОМЕНА: Со оваа понуда НЕ КУПУВАТЕ компјутери и програми, туку изнајмувате услуги и наша технологија (компјутерско-телекомуникациска инфраструктура) која ви ја ставаме на располагање!

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ НА ПАН-ДРЖАВНИОТ ГИС ПОРТАЛ www.iOpstina.mk

 

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk