СТРУЧНИ УСЛУГИ

Подземен катастар на стопанска инфраструктура

Оперативен инфраструктурен ГИС

ГеоЛИНК е гео-информатичко претпријатие - специјалист за воспоставување и одржување на дигитални инфраструктурни (водоводни, канализациски, топловодни, гасоводни, (теле)комуникациски и др.) оперативни катастри, државни и општински географски информациски системи (ГИС).

Согласно Законот за катастар на недвижности (ЗКН), [Сл.весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013], и соодветните правилници за негова реализација [Прaвилник за премер на недвижности (ЗКН-ПрПН), Сл.весник на РМ, бр. 121 од 03.09.2013; Правилник за катастарски планови и планови на инфраструктурни објекти (ЗКН-ПрКПИО), Сл.весник на РМ, бр. 139 од 10.10.2013, и понови], вие, како сопственик или управител на приватна или јавна стопанска инфраструкутура имате обврска да извршите нејзина геопросторна дигитализација и пренос на податоците во збирниот катастар на стопанска јавна инфраструктура (Регистар на подземна и надземна инфраструктура) во Агенцијата за катастар на недвижнини (АКН).

Што од вас се очекува да направите?

Првата задача во вашата организација е да изработите геодетски елаборати за севкупната ваша инфраструктура (подземни и надземни објекти). За оваа активност треба да ангажирате овластена геодетска фирма.

Податоците што ќе бидат резултат на геодетските елаборати треба да ги предадете во АКН. Низ таа постапка ќе ве води избраната геодетска фирма. Со тоа, за вас завршува законската обврска.

Што ќар имате ВИЕ од геодетските елаборати?

Откао еднаш ќе ги предадете податоците во рацете на државата, ви следат одговори на следниве две прашања:

  1. Како ќе ги одржувате дигиталните податоци за идните промени во инфраструктурата?

  2. Како да ги искористите овие (скапо придобиени) податоци во вашето поефикасно секојдневно работење и правилно донесување одлуки?

Одговорот на двете прашања е краток: Нужно е да си воспоставите слична технолошка инфраструктура во вашата организција, како онаа на АКН, со која ќе го одржувате вашиот т.н. електронски оперативен катастар. Овој, за разлика од збирниот (ЗКСЈИ), е многу пообемен и подетален во податоците кои ги опишуваат инфраструктурните објекти и служи за оперативно функционирање, планирање и анализа на вашата инфраструктура и донесување брзи, но пред се, прецизни одлуки. Оттука и називот на овој катастар – оперативен (ОКСИ).

Што е оперативен инфраструктурен катастар?

Оперативниот катастар на стопанска инфраструктура (ОКСИ) е евиденција на недвижен имот во која се евидентираат објектите од стопанската инфраструктура, помеѓу кои спаѓаат: водоводната, канализациската, патната / уличната, топловодната и енергетската мрежа, електронските комуникации и други објекти. Оперативните катастри ги водат управителите на инфраструктурата и им служат за технички и деловни потреби. Во ОКСИ се водат следниве податоци:

  • Локација на мрежата или објектот од стопанската јавна инфраструктура (СЈИ);

  • Индентификациски број на мрежата или објектот од СЈИ;

  • Должината на мрежата или површината на објектот од СЈИ;

  • Видот на мрежата или објектот од СЈИ;

  • Прецизноста на одредувањето на положбата на мрежата или објектот од СЈИ;

  • Управителот на мрежата или објектот од СЈИ.

Врз основа на одредени податоци кои се евидентирани во вашиот ОКСИ, АКН води збирни податоци за јавната инфраструктура во ЗКСЈИ. Вашата Законска обврска е периодично да ги доставувате сите промени од вашиот ОКСИ во АКН.

ОКСИ е вашата следна голема слатка грижа

Без разлика дали досега сте инвестирале во дигитализација и прибирање на податоци од терен (геодетстки елаборати), дали имате или не соодветни технолошки алатки за чување, ажурирање и дистрибуција на истите и дали имате или не екипа на соодветни стручни лица задолжени за овие активности, Законската обврска гледајте ја како прилика за воспоствување или доизградба на вашиот вистински инфраструктурен оперативен катастар. Ако постапите спротивно на ова, ОКСИ може да биде вашиот следен голем ноќен кошмар!

Во државава, проценуваме дека едвам 5% (2014) од јавните организации и институции имаат вистински, аналитичен оперативен инфраструктурен катастар.

Воспоставувањето на вашиот ОКСИ, а согласно актуелната законска регулатива, ви препорачуваме да го поделите во 3 фази:

  1. Прва фаза: Прибирање податоци и дигитализација на вашата инфраструктура. Овие активности ќе ги обезбедите делумно самите, делумно преку геодетските елаборати;

  2. Втора фаза: Набавка или прилагодување на постојната технологија (хардвер, софтвер) за ажурирање на ОКСИ. Тука, акцентот го ставаме на изработката на инфраструктурниот релациски податочен модел (Database Model) преку т.н. ГИС елаборат и алатките за конверзија на нумерички и CAD дигитални податоци во GIS база на податоци (моделот) и нивно атрибутирање. Ова е активност која ви препорачуваме да им ја доверите на специјалисти како што сме ние во ГеоЛИНК;

  3. Трета фаза: Дистрибуција и споделување на информациите од вашиот ОКСИ до корисниците (интерни служби, граѓани, бизнис заедница, други локални и државни институции...). За оваа фаза ви препорачуваме и предлагаме да си изнајмете услуги и технологија кај специјалисти како што сме ние во ГеоЛИНК.

Соработувајте со ГеоЛИНК

ГеоЛИНК е првата македонска фирма која разви сопствени сплетни (web) апликации за дистрибуција и управување со геопросторни инфраструктурни податоци. Пандржавните сплетни ГИС портали www.iOpstina.mk, www.iKomunala.mk и www.iNfrastruktura.mk ги развиваат и одржуваат нашите ГИС специјалисти во две држави: Македонија и Словенија. Екипата на ГеоЛИНК во Македонија е високо специјализирана за нудење услуги и целосен консалтинг при воспоставувањето на вашиот ОКСИ и нејзината дистрибуција преку Интернет. Поседуваме високотехнолошки компјутерско-комуникациски податочни центри во Битола и во Љубљана на кои своите ГИС податоци ги гостуваат покрај 12-те општини, 2-те инфраструктурни и 1-то комунално претпријатие од Македонија, уште 50-тина општини и комунални претпријатија од Словенија, Хрватска и Србија.

ГеоЛИНК има знаење и е подготвен да ви помогне во исполнувањето на вашата законска обврска со оптимални средства и во најкус временски период.

ПОЈМОВНИК

СЈИ

Стопанска јавна инфраструктура

ЗКСЈИ

Збирен катастар на стопанска јавна инфраструктура = Регистар на подземна и надземна инфраструктура.

Тоа е централизиран репозиториум на електронски податоци од инфраструктурни објекти, составени од нивната геометрија во просторот, описните податоци (атрибути), како и, во поширока смисла, од податоци за сопственоста врз тие објекти. Регистарот е изграден врз безбедна хардверска, софтверска и комуникациска инфраструктура и е сместен во АКН.

ОКСИ

Оперативен катастар на стопанска инфраструктура. Интерен, организациски регистер кој содржи корисни податоци за управување со инфраструктурата во духот на „добар стопан“. ОКСИ регистарот може да се изработи така што ќе биде 100% здружлив со ЗКСЈИ, но сепак, многу пообемен во однос на прибраните податоци и информации од него.

ОКСИ може да се имплементира врз сопствена или изнајмена (компјутерско - комуникациска) инфраструктура.

Геодетски елаборат

Геодетскиот елаборат на подземните и надземните инфраструктурни објекти е продукт на овластени геодетски претпријатија, којшто е изработен согласно Законските правилници за ЗКСЈИ. Составен е од нумерички, графички и (опционално) описни податоци од објектите на вашата СЈИ.

ГИС елаборат

ГИС елаборатот е документ во кој е документиран инфраструктурниот релациски податочен модел на вашиот ОКСИ. Тој е некаква надградба на геодетскиот елаборат, иако Законски ниту е пропишан, ниту е потребен, но е неопходен за изградба на квалитетен аналитички оперативен катастар врз најсовремени комјутерски технологии. ГИС елаборатот содржи список од сите апстрактни ентитети на реалните инфраструктурни објекти, како и детален опис на сите атрибути (метаподатоци) кои го опишуваат секој апстрактен елемент посебно. Тука се дефинирани и сите атрибутни полиња кои ги бара ЗКСЈИ.

Пандржавни ГИС портали

Сплетни, интернет апликации преку кои се дистрибуираат и споделуваат (интерно или јавно) геопросторни податоци, информации и анализи. Поставени се во моќни компјутерски и комуникациски податочни центри. Пандржавните портали покриваат заеднички интерес на една територија.

 

   

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk