ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

ПРОЕКТИРАЊЕ; НИСКОГРАДБА

URBANO 9: Платете една - добијте неограничен број лиценци!

Проектирате цевководни системи и мрежи? AutoCAD-от не ви е доволно функционален и брз? Сакате да работите во минути, а не со часови и денови? Барате исплатливо решение?

Можеби имате проблем со прецртувањето на 100 попречни профили, бидејки сте променале податок во геодетската ситуација, или сте ја промениле нивелетата? Можеби имате потешкотии со увозот на геодетски точки, а немате дигитален теренски модел за изработка на надолжниот профил? Веројатно одговорот на сите овие дилеми, е URBANO!

ГеоЛИНК ви нуди флексибилна набавка на оваа технологија преку т.н. ЛИЗИНГ, при што гаранцијата на финансирањето го обезбедуваме ние - вие ги плаќате  само месечните рати. Следете ги следниве чекори за придобивање на технологијата URBANO по најповолни комерцијални услови:

  1. Склучете SLP (StudioARS Leasing Program) договор

  1. Платете 3.961,00€*

  1. Користете НЕОГРАНИЧЕН** број мрежни лиценци од СИТЕ програмски модули*** за 12 месеци

 
  1. Користете бесплатна техничка поддршка за 12 месеци

 
  1. По истекот на 12 месеци, добивате право за трајно користење на 1 лиценца URBANO CANALIS+HYDRA STANDARD 9.0 SLM for AutoCAD Civil 3D

* Износот одговара на 1 лиценца URBANO CANALIS+HYDRA STANDARD 9.0 SLM for AutoCAD Civil 3D. SSP договор можете да склучите и за било кој друг производ или комбинација на програмски модули во вкупен износ од најмалку 3.000 €. Условите на SSP договорот ќе ви го испратиме на ваше барање.

** За мали компании до 5 мрежни лиценци, за големи до 10 мрежни лиценци

*** Прегледајте ги цените на сите пакети од семејството URBANO

 

Што е URBANO?

URBANO е збирка на програмски апликации кои работат како додаток на AutoCAD базираните технологии и ги збогатуваат нивните функционалности со такви, кои се специфични за проектирањето на затворени цевководни системи (водоводи. канализации, плиноводи, топловоди и сл.). Се работи за програмски пакет кој во последните 10 години го прифатија поголемите инженерски и комунални компании во Централна и Југоисточна Европа*. Некои инженери во Македонија** го познавате под имињата Canalis и Hydra.

*) BWB BERLIN (Berlin Wasser Betriebe - Берлински водовод, најголемо комунално претпријатие во Германија), IEI Celje-Maribor (Институт за еколошки инжинеринг, Словенија), APA Brasov (Водовод Брасов, Румунија), Завод за хидротехника Сараево, Vodoopskrba i odvodnja Zagreb (Водовод и канализација Загреб, Хрватска), Водовод и канализација на Сплит и Осијек, Institut građevinarstva Hrvatske (IGH, Градежен институт на Хрватска), Водовод и канализација на Софија, Бугарија...

**) Референтна листа на регистрирани корисници во Македонија: Чакар Партнерс - Скопје, Водовод и канализација - Скопје, ЈКП Нискоградба - Битола, ГА-МА АД - Скопје, Проект Биро Охрид, Градежен Институт Македонија - Скопје, Хидроградежен Инженеринг - Скопје, Вардарградба - Скопје, Завод за испитување на материјали - Скопје, Пелагонија АД - Скопје

Која е неговата функција?

Динамички поврзани елементи во проектирањето - оска, надолжен и попречен профил со взаемно интерактивно освежување на атрибутните и геометриските податоци. Наменета е за проектирање во урбани средини (куќни приклучоци, сливни подрачја на собирна вода од сообраќајници, пресметка на профили и тип на цевки...)

Зошто е проектирањето на водовод и канализација е тешко само со AutoCAD?

Чистиот ("Vanilla") AutoCAD не овозможува доделување на информации во геометријата (атрибутирање), ниту, пак, овозможува динамичка поврзаност на графичките ентитети (на пр. ситуација со надолжни профили). Ова посебно е потребно кај пресметувањето на димензите и за други аналитички функции. Времето за изработка на проект за цевководен систем со помош на AutoCAD e 10 пати подолго отколку со програмата URBANO.

Што ако имам веќе нацртана мрежа во „чистиот“ AutoCAD?

URBANO е подготвен да прифати готов CAD цртеж уште во почетокот на работата; препознава и конвертира линии и полилинии, преку сопствен меѓууред во т.н. интелигентни URBANO објекти.

Компатибилност со AutoCAD Civil 3D

AutoCAD Civil 3D е "de-facto" стандард за прокетирање во нискоградбата. Urbano Canalis+Hydra се инсталира и работи во рамките на Civil 3D. Меѓу другите карактеристики, Urbano може да користи DTM (дигитален теренски модел) изработен во Civil 3D, за на пример, превземање на висината на теренот во јазлите. Покрај тоа, можна е и конверзија на Civil 3D објекти (цевки) во Urbano мрежа и обратно. Конверзијата е едноставна, сите елементи може да се пренесат со една единствена наредба.

Кога во Civil 3D се работат комплексни проекти, може да се користат Urbano функции поврзани со системот на цевководот и на тој начин значително го забрзуваат проектирањето. Urbano како додаток на Civil 3D, овозможува анализа и пресметка на притисоци, протоци и димензионирање.

Повеќе информации за производот?

Опис на функционалностите на производот Urbanо 9.0 (на хрватски јазик, официјална сплетна страница на произведувачот Studio ARS)

Модуларна структура на Urbanо (на англиски јазик)

Urbano Видео Материјали (YouTube)

Новости во верзијата Urbano 9 (на македонски јазик)

Доставете барање за евалуациска верзија и вежби БЕСПЛАТНО, со клик на линкот URBANO 9, БАРАЊЕ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk