ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

NormaBUILD

ГРАДЕЖНИШТВО

GeoLINK.NormaBUILD е првата комерцијална македонска компјутерска програма за поддршка во градежништвото при изработката на предмери и пресметки за следниве градежни дејности:

  1. високоградба,

  2. нискоградба,

  3. електроинсталатерски,

  4. водоинсталатерски работи

Програмата можете да ја употребувате и за изработка на инвестициски елаборати, понуди за изведба, за учество на тендери, како и за изработка на елаборати за анализа на цени.

Потврден домашен производ на македонски јазик, со поддршка на македонската кирилица, повеќе од 15 години!

Јадрото на програмата, чиј комерцијален назив е NormaBASE, всушност е изработено за универзална примена во скоро секое нормирано производство или нормирана услужна дејност. Вертикалниот производ, наменет за архитектонско-градежната дејност носи комерцијален назив NormaBUILD. Придружните податочни бази од преку 10.000 дефинирани нормативи од областа на високоградбата и преку 5.000 нормативи од областа на нискоградбата – сите на македонски јазик со кирилско писмо, му ја гарантираат вистинската вредност на овој производ.

Универзалноста на програмата овозможува да се употребува на различни начини во зависност од организацијата и поделбата на работите во секое претпријатие. Поддржува мрежна, конкурентна организација на работа (повеќемина, истовремено работат врз ист проект). Покрај веќе вградените, програмата ви овозможува изработка на сопствени нормативи и позиции во состав на веќе понудените податочни бази.

Изработете една понуда за една минута

Пред да ја испечатите конечната предмер-пресметка, направете 5 различни сценарија за 5 минути. Отфрлете или додадете позиции само со кликнување на глувчето. Воодушевете ги инвеститорите, нарачателите или купувачите со брзината и професионалноста при одговарањето на нивните прашања на лице-место. Честите прашања од типот „...а колку ќе ме чини, ако бидат надворешните ѕидови 'сендвич'...?“, со програмата NormaBUILD ги одговарате преку подготовка на неограничен број сценарија во истиот момент.

НОВОСТИ во верзијата 4!

  1. Ленти (RIBBONS), наместо досегашните класични MENU и TOOLBARS;

  2. Брзо пребарување по клучен збор низ дрвото на нормативи и стандардизирани позиции;

  3. Брзо пронаоѓање на содржина при избор од полињата со паѓачки листи (drop-down lists);

  4. Можност за креирање на нов предмер од постоечки, претходно изработен;

  5. Додаден извештај за печатење: Предмер без цени, соодветен како прилог во градежните проекти;

  6.  Целосно мигриран програмскиот код, кој функционира како на 32, така и на 64 битни оперативни системи (самата програма е сеуште 32-битна). Оваа верзија функционира под оперативните системи: Vista, Windows 7, 8 и 10;

Download центар

Инсталација

Симнете ја ДЕМО верзијата од програмата, инсталирајте ја и уверете се во нејзините можности

NormaBUILD x32 v.4.0.6 (2016)

Брошура GeoLINK NormaBUILD

Поддршка

Задолжително и претходно прочитајте го упатството за инсталација во првото поглавје од прирачникот за користење на програмата!

Прирачник за инсталација и користење на програмата (v.2.5.3)

За евалуациски Username и Password обратете се на контактните лица.

 

Управување со нормативи

Изработка на предмер

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk