ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

 

NitroPDF Pro 10 - Креатор за вашиот бизнис

Без разлика на дејноста што ја вршите, денес е скоро незамисливо да не поседувате креатор или барем читач на електронски документи во PDF* формат. NitroPDF е моќен и ценовно атрактивен програмски производ на компанијата Nitro, којшто во целост го запазува ISO 32000-1:2008 стандардот на овој популарен формат, а тоа значи дека секој креиран PDF документ е здружлив со повеќето други читачи на овој формат. Покрај ценовната достапност, NitroPDF нуди функционалности кои се пред конкурентните производи од овој ранг:

  • Креирање PDF документи од било која апликација и од било кој формат, како и здружување повеќе влезни датотеки од различни извори и формати (Word, Excel, AutoCAD, JPG, скенограми...) во еден PDF документ;

  • Дигитално потпишување на вашите PDF документи (потребен ви е дигитален сертификат);

  • PDF документите од скениран извор, со помош на вградената OCR технологија (оптичко препознавање на знаци) ги претвора во текст, којшто подоцна можете да го уредувате, копирате, итн.;

  • Конвертирање Office документ во PDF и обратно.

 

*Што е PDF?

 

Portable Document Format (скратено - PDF) е отворен стандард за размена и презентацијата на електронски документи, независно од платформата на која се прикажува. PDF датотеката ја содржи целосно содржината на документот, вклучувајќи го текстот, прекршувањата на страниците, писмото и неговите стилови, графичките елементи, метаподатоците и други информации потребни за недвосмислен и автентичен приказ. Поновите верзии на PDF форматот поддржуваат проширено множество на функции, како што се: интерактивни полиња за внесување, хипертекст врски до други документи, интерактивни 3D елементи, видео, аудио, ознаки, заштита итн.

PDF е развиен од американската софтверска компанија Adobe Systems во 1993 година и првично беше затворен сопствен формат, кој го поддржуваше само софтверскиот производ Adobe Acrobat. Наменет беше за професионалните графички дизајнери и издавачи. Кратко после појавувањето на Adobe Acrobat, се појави бесплатниот производ Acrobat Reader, кој беше наменет само за прикажување (читање) на PDF датотеки. Со тек на време, тој стана „de-facto“ стандард за сигурно споделување и печатење на документи, при што запазувањето на распоредот на елементите од страната беше од суштинско значење. Точната спецификација на форматот на јавноста му беше на располагање барем од 2001 година, што и доведе до појава на голем број независни програми за уредување (креирање) и читање, иако компанијата Adobe Systems, ја задржа контролата над неговиот развој. Конечно, во 2007 година, верзијата на форматот 1.7 му е предложена на Меѓународната организација за стандардизација, која во јуни 2008 година, PDF форматот го потврди како меѓународен стандард ISO 32.000-1: 2008.

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk