НОВОСТИ во програмската опрема URBANO 9.0
 

ПОДОБРЕНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ на актуалната верзија 8.1

  1. Работниот простор (Workspace) е оптимизиран за корисниците на U7 и U9.

  2. Подобрено управување со СТИЛОВИ

  3. Подобрени се ТОПОЛОШКИТЕ ОЗНАКИ. Сега е можно воведување на разни CAD блокови, двојна линија на цевка со дијаметар и сл., без да се наруши основната тополошка врска.

  4. Подобрен е програмскиот модул ТЕРАФОРМ во начинот на увезување на екстерни датотеки за креирање дигитален теренски модел но, сепак, новоста тука е во способноста да исече произволно парче од поголем ДТМ со што се намалува количината на зафатена меморија и апликацијата затоа работи многу побрзо. Оваа посебност е дури подобро решена од онаа која ја нуди платформата AutoCAD Civil 3D.

  5. Подобрени и автоматизирани се сите ИЗВЕШТАИ кои ги запазуваат стандардите во нашата држава.

  6. Подобрен е посебниот управувач и калкулатор на протоци во програмската апликација URBANO HYDRA.

  7. Подобрена е функционалноста за одредување на сливна површина за атмосферски и фекални води, кои го оптеретуваат реципиентот во програмската апликација URBANO CANALIS.

  8. Подобрена е функционалноста за ХИДРАУЛИЧКИ калкулации и можност за додавање на повеке атрибутни податоци во еден или повеќе мрежни елементи.

  9. Подобрени се функционалностите за прикажување на ПОПРЕЧНИТЕ ПРОФИЛИ во НАДОЛЖЕН ПРОФИЛ. Одличен надолжен приказ на мрежата, кој реалистично ја доловува и динамички управува со висинската положба на шахтите и цевките под теренот.

  10. Подобрена НИВЕЛЕТА со автоматско додавање на шахти на / под теренскиот рељеф, водејќи се од правилото - најмал пад на цевка и најголема длабина на ров за шахта.

НОВИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ во верзијата 9.0

  1. Додадена е наредбата UNDO. Долго очекувана и од страна на корисниците барана функционалност која сега успешно ги враќа активностите од неколку чекори наназад без разлика на нивната комплексност. Управувањето се врши преку АРС менаџер на историјата на активности или класично, преку CAD наредбите за враќање назад од неколку чекори.

  2. ТАБЕЛИ - Во URBANO 9, геометријата и нејзините атрибути се контролираат и уредуваат преку нумерички записи во табела.

       

  3. ПРЕФАБРИКАТИ - библиотеката во URBANO 9 доби нова страница. Освен досегашните производни континуирани профили на шахти (лиени на терен), новите дополнувања овозможуваат мануално вметнување и на цевкасти префабрикати во разни геометриски форми.
       

  4. ГЕНЕРИЧКИ АЛГОРИТАМ (Оптимизација на цевки) - во минатите верзии, за избран дијаметар на цевка, програмскиот модул EPANET даваше резултат само во еден правец. За изменет дијаметар, пресметката мораше да се повтори. Верзијата URBANO 9 врши динамичко калкулативно моделирање, кое овозможува двосмерна размена на податоци, како за смален дијаметар, зголемен проток и загуби, со предлог на оптимален дијаметар на цевката.

  5. РОВОВИ - напредна алатка за креирање на сложени ровови и вметнување на каскадна песочна постелка.
           

 

© 2015 Studio ARS d.o.o.

© 2015 ГеоЛИНК д.о.о. Битола