ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

GeoLINK.NormaBUILD

АРХИТЕКТУРА, ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДЕЖНИШТВО

Програма за изработка на предмери, пресметки и калкулација на цени во градежништвото (високоградба и нискоградба)

NormaBUILD е првата комерцијална македонска компјутерска програма за поддршка во градежништвото при изработката на предмери и пресметки за каква било градежна дејност: високоградба, нискоградба, електроинсталатерски и водоинсталатерски работи.

Програмата можете да ја употребувате за изработка на предмери и пресметки, инвестициски елаборати, понуди за изведба како и за изработка на елаборати за анализа на цени.

Јадрото на програмата, чиј комерцијален назив е NormaBASE, всушност е изработено за универзална примена во скоро секое нормирано производство или нормирана услужна дејност. Вертикалниот комерцијален производ, наменет за архитектонско-градежната дејност носи комерцијален назив NormaBUILD. Придружните податочни бази од преку 10.000 дефинирани нормативи од областа на високоградбата и преку 5.000 нормативи од областа на нискоградбата му ја гарантираат вистинската вредност на овој производ. Универзалноста на програмата овозможува да се употребува на различни начини во зависност од организацијата и поделбата на работите во секое претпријатие.

Развојната екипа од домашни програмери и градежни инженери која стои зад овој произод, веќе повеќе од 15 години допринесува оваа програма да го одржува називот „македонски стандард“ на сеопфатна, прецизна и комплетна но, истовремено и исклучително лесна и удобна алатка за работа.

Оваа програма ќе ви заштеди многу корисно време, а вашите понуди ќе бидат секогаш максимално прецизни, а со тоа и понудените цени оптимални.

Програма со која ви гарантираме брзи и видливи резултати – намалување на оперативниот трошок и зголемување на позитивната разлика во цената во самиот процес на изведба заради прецизно дефинираните позиции.

 

 

На кусо...

  • Лесната измена на содржините на постојните бази, како и едноставно креирање на целосно нови, му дава на оваа програма многу поширока примена од предвидената. Нејзината употребна вредност се препознава во било која дејност којашто темели врз нормирано производство или нормирани услуги.

  • За изработка на предмер - пресметките, можете да ги користите веќе дефинираните стандардизирани позиции или пак да ги „копирате“ претходно изработените од некоја друга предмерска датотека.

  • Секоја позиција може да содржи неограничен број на нормативи, а нормативите можат да бидат составени не само од ресурси туку и од претходно дефинирани нормативи (полупроизводи), до неограничен број на „длабински“ нивоа.

  • Овозможено е исклучително брзо пронаоѓање на нормативите и стандардизираните позиции со помош на моќниот пребарувач по клучен збор или клучен израз. Исто така, брзо пронаоѓање на содржина при избор од полињата со листи (drop-down box).

  • Нормативите, стандардизираните и предмерските позиции се прикажани во визуелно хиерархиски организирани дрва - слично на организацијата на вашите папки и датотеки во Windows Explorer.

  • Табелата на ресурси опфаќа: материјали, работна сила, механизација и сл., а за секоја од нив можно е да се дефинираат 3 различни цени (една од нив е девизна), според кои се врши калкулацијата и анализата на чинење.

  • Добивање на извештаи - спецификации за потребниот материјал, работната сила, механизацијата и кооперантските работи - збирно во вид на рекапитулар или детално за секоја позиција посебно.

  • За секој подготвен предмер е можна изработка на неограничен број сценарија за дефинирање на конечната цена, во зависност од многу параметри: оддалеченост, работа на висина (ризик), временски период во годината, рок за изведба, начини и динамика на плаќање и слично.

  • За секоја ставка во било која база (ресурси, нормативи, позиции, предмерски позиции) се води дневник на промени, каде се евидентира корисникот што ја направил промената, датумот и времето кога била направена.

  • Поддржува конкурента работа во мрежна компјутерска околина. Повеќемина задолжени за изработка на еден проект можат да соработуваат над истиот предмер од различни работни места.

  • Поддржани оперативни системи: Windows VISTA, 7, 8.1, 10 (32 ili 64 битни). Програмата е 32-битна.

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk