ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

ГРАДЕЖНИШТВО
НИСКОГРАДБА; СООБРАЌАЕН ИНЖЕНЕРИНГ

3D BIM поддржано решение за проектирање патишта

Plateia е професионален софтвер за проектирање на нови и реконструкција на постоечки патишта. Софтверот е сеопфатен, целосно подготвен и лесен за користење.

Со својот оригинален пристап на работа, Plateia на корисникот му овозможува наредби и алатки за целосна поддршка во процесот на проектирање, од идејно до главно решение, од увоз на геодедтски податоци до изработка на комплексни 3D патни модели, со алатки за анализи, за изработка на документација и нејзина публикација. Со употреба на флексибилниот динамички модел, Plateia ги поддржува BIM (Building Information Modeling) работните постапки и процеси. Овозможува лесна размена на податоците со програмите Ferrovia, Aquaterra и Electra.

Карактеристики на Plateia

Plateia содржи функционалности за работа со ДТМ, планиметрија, оски, надолжни и попречни профили, раскрсници, кружни токови, 3D моделирање, сообраќајни знаци и сигнализација. Околината на 3D моделот на корисникот му овозможува да креира разни анализи во проектот, како: анализа на пропусност на возила, прегледни растојанија кај завојните кривини, одводнување и пресметка на дијаграми на маси (mass haul calculations). Лесно се справува со големи проекти, каде оската достига и до неколку стотици километри.
Plateia на корисникот му овозможува лесна подготовка на професионални цртежи, вклучувајки ја и техничката документација во согласност со неколку различни патни стандарди, специфични за различни држави.

Plateia дневно се користи во бројни земји од светот за проектирање на нови автопатишта, регионални и локални патишта, комплексни раскрсници, како и за изработка на проекти за реконструкции на патишта.

Поле на употреба

  • Проектирање патишта од сите категории: од автопатишта со сложени клучки до локални и шумски патишта.

  • Проектирање на крстосници и кружни токови.

  • Проектирање на клучки.

  • Проектирање на мостови, вијадукти, надвозници и подвозници.

  • Проектирање на тунели.

  • Градски сообраќајници и површини.

  • Урбано планирање.

  • Велосипедски патеки.

  • Посебни патишта: тркачки патеки.

  • Проектирање на сообраќајни режими и блокади

  • Проектирање на земјени работи: каменоломи, рудници / отворени копови, депонии, земјени прегради

  • Инжинерска геодезија

  • Проектирање скијалишта

  • Санација на свлечишта.

Plateia комерцијални пакети

Plateia е достапна во три различни комерцијални пакувања со цел да ги задоволи специфичните потреби на клиентите. Ваквите опции вклучуваат од основно 2D проектирање на патишта (градски сообраќајници, пристапни, шумски патишта и патна реконструкција) до сеопфатно 3D моделирање на комплексни клучки на повеќе патни оски и детално проектирање на автопати (вклучувајќи 3D сообраќајни знаци и патна сигнализација). А со Plateia ULTIMATE добивате поддршка за BIM работните постапки и процеси, како и можности за избор на дел од проектните податоци за извоз и алатки за анализа на свртувања.

Plateia Standard

Комплетен пакет за 2D/3D проектирање и реконструкција на патишта

Plateia Standard нуди:

  • Увоз и извоз на геодетски податоци.

  • Увоз и анализа на Lidar податоци (само за Civil 3D платформа).

  • Меѓууред за Google Earth.

  • Меѓууред за Civil 3D.

  • Алатка за дигитален теренски модел (DTM) со вклучена планиметрија.

  • Проектирање на оски.

  • Проектирање на надолжни профили.

  • Креирање на попречни профили со моќни можности за нивно уредување.

  • Надвишување на рабови (витоперење) и проширувања (автобуски постојки...).

  • Анализа на прегледности и должини на запирање.

  • Предмерски количини и дијаграм на маси (mass haul).

  • Алатки за патна реконструкција.

  • Проектирање на клучки.

  • Проектирање на кружни токови.

  • Анализа на атмосферска вода на површината од коловозната структура.

  • Интеграција со AutoCAD Civil 3D и Studio ARS Urbano (цевкови водови).

  • Алатки за планирање на производството.

  • Алатки за ознаки и котирање.

Plateia Professional 3D

Пакетот за 3D solid проектирање и реконструкција на патишта вклучува сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација.

Plateia Professional 3D, покрај сите функционалности на Plateia Standard, нуди уште:

  • Моделирање на патишта со 3D solid-и.

  • Autosign – програмски модул за дизајнирање на 3D сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација, патни и улични портали (gantry), 3D визуелизација на знаците и креирање на сопствени сообраќајни знаци.

Plateia Ultimate 4D

Пакетот поддржува BIM работни процеси, проектирање и реконструкција на патишта со 3D solid-и, дизајнирање на сообраќајни знаци, сигнализација и анализа на свртување на возилата.

Содржи се што и Plateia Professional 3D но, нуди уште:

  • BIM проширени функционалности: генерирање на количини (Quantity Take-Off) и список на материјали (Bill Of Materials) (достапно само во одредени земји.

  • LandXML меѓууред.

  • Autopath – програмски модул за анализа на свртувања на возилата: EasyDrive – интерактивна алатка за предвидување на правецот на свртувањето на возилото, анализа на вертикалната видливост, вклучени библиотеки на возила, самостојно креирање на возила.

CGS Infrastructure Design Suite

Обратете ни се со барање за понуда за интеграција на CGS plus продуктите: Plateia (Проектирање на патишта), Ferrovia (Проектирање на железници), Aquaterra (Хидро инженерство) and Electra (Проектирање на електродистрибутивни мрежи) во една единствена работна околина!

Предности на Plateia

Интуитивен работен процес

Работниот процес на Plateia консистентно ги следи стандардите во нискоградбата за проектирање патишта во Европа, кое интуитивно го води корисникот од почетокот до успешен завршеток на проектот.

Лесен за учење и за користење

Добро структурираните ленти (ribbons) и изборници (menus) и едноставните разговорници овозможуваат брзо учење за новите корисници, додека пак, алатникот (toolbox) и линијата за наредби нудат погодности за искусните корисници.

Ракување со големи збирки на податоци

Plateia е способна да се справи со големи проекти со многу долги оски и илјадници попречни профили во секунди. Измените во оските се едноставни, без непотребно сецкање на мали делови (етапи).

Поддршка за локалните патни стандарди

Plateia е преведена на неколку јазици и ги поддржува локалните стандарди на неколку земји за проектирање патишта, изгледот на публицираниот цртеж, сообраќајните знаци и други симболи, возила, итн. На корисниците им е дозволено да употребуваат било која локализирана верзија на програмата во случај на изработка на проекти во странство.

Поддршка за тимска работа и соработка

Проектот може многу ефикасно да се раздели помеѓу повеќе членови од проектниот тим. Проектот може да се раздели на ситуација и хоризонтални оски, како и на проект на надолжни и проект на попречни профили.

Алатки за проектирање ОСКИ

Plateia содржи моќни алатки и методи за креирање и уредување на оски, што ви дозволуваат да проектирате било какви комбинации од тангентни / спирални или составени спирални / лачни елементи (преодници). А, со интелигентните алгоритми “best-fit” (најдобро совпаѓање) можете автоматски да креирате оска од геодетски точки.

Единствен концепт за проектирање на попречните профили

Концептот „проектирај во еден - цртај во неколку попречни профили“ овозможува исклучителна ефикасност во процесирањето и уредувањето на попречните профили. Различните нивоа на автоматизација овозможуваат брзо креирање на сегменти со слични попречни профили, како и управување со таквите профили каде условите често се менуваат. Секој попречен профил може да се обработува индивидуално со употреба на интерактивни наредби за цртање и уредување.

Природна CAD апликација

Plateia е целосно интегрирана во CAD околината, така што сите податоци се зачувани во една или повеќе DWG датотеки. Цртежите можат да се променуваат со CAD наредбите во било која проектна фаза, што ви дава целосна флексибилност во процесот на проектирање.

Модуларна структура

Plateia има модуларна структура. Програмските модули можат да се инсталираат одделно или во било која комбинација. Ако ја додадете уште можноста за мрежно лиценцирање („пливачки“ модули или „пливачки“ пакети), инсталацијата на Plateia во големи тимови може специјално да се прилагоди за секој клиент посебно.

Избор на CAD платформа

Plateia може да се инсталира врз AutoCAD, AutoCAD Civil 3D, AutoCAD Map 3D, и/или BricsCAD, но функционалноста секогаш останува иста. Во иднина, ќе бидат поддржани и други CAD платформи; и ваквиот избор на CAD платформи на корисниците на Plateia им дава можност да си го оптимизираат трошокот на сопственоста (Cost of Ownership), без да ги жртвуваат функционалностите.

 

 

Употреба

Проектирање и реконструкција на патишта

Поддржани CAD платформи

AutoCAD, AutoCAD Civil 3D, AutoCAD Map 3D (верзии 2016 до 2011), 32 и 64-bit; BricsCAD (верзии V15 до V13), 32 и 64-bit;

Поддржани јазици

Англиски, Германски, Руски, Бугарски, Полски, Чешки, Маџарски, Хрватски, Македонски, Српски, Словенечки

Поддржани стандарди

Германски, Австриски, Руски, Полски, Чешки, Бугарски, Румунски, Турски, Хрватски, Македонски, Српски, Словенечки

Сплетна страница на производот

www.plateia-software.com

Некои референтни корисници на PLATEIA во Македонија

Проект Биро, Охрид    DIWI Македонија, Скопје     Балкан Консалтинг, Скопје     Градежен Институт МАКЕДОНИЈА, Скопје

Чакар & Партнерс, Скопје

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk