ПРОГРАМСКА ОПРЕМА

ГРАДЕЖНИШТВО - НИСКОГРАДБА

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО

Проектирање ДАЛНОВОДИ или ДАЛЕКУВОДИ?

Иако и двата збора се употребуваат во секојдневната пракса, според македонскиот правопис, правилен е зборот далновод. ELECTRA е моќен додаток за проектирање на надземни далноводи, која ги здружува проектирањето и изработката на документација на производните процеси при проектирање на електрични дистрибутивни системи.

Работи врз сите AutoCAD платформи од областа на инфраструктурното проектирање. Програмата нуди софистицирано проектирање и аналитички алатки за оптимизација на преносните електрични мрежи, во ситуација и профил.

 

 

Функционалности на ELECTRA

Дизајн на 3Д теренски модел

ELECTRA поддржува различни дигитални теренски податоци од геодетски инструменти, LIDAR технологии, фотограметрија и други податочни формати. ELECTRA содржи сопствена алатка за изработка на ДТМ за моделирање на 3Д површини и продукција на повеќекратни ситуации и профили во проектот за преносната електрична мрежа.

Индустриски стандарди и пресметки

ELECTRA вклучува библиотеки на кабли и параметри на оптоварување, кои можат да се прилагодуваат од страна на корисникот. Алатките за пресметка на провисот (Catenary) и за анализа на напнатоста на кабелот (Sag-Tension) им овозможуваат на корисниците да проектираат, уредуваат и оптимизираат електрични преносни системи. ELECTRA ги поддржува стандардите EN 50423-3-21 и EN 50.423-1.

Напнатост и параметри на оптоварување

Вредностите на параметрите на оптоварување и напнатост им овозможуваат на корисниците да произведат брзи дизајни, додека, пак, можностите за уредување и прилагодување, обезбедуваат сигурни прилагодени проекти според желбите на корисникот или според стандардите кои владеат во неговата земја.

Инфраструктурна интероперабилност

Постојните инфраструктурни аналитички алатки им даваат на проектантите сеопфатни информации од постојната инфраструктура на која се однесува новиот проект. Висините на интерсекција од други преносни линии, патишта, железници и други информации за преминувачки објекти, ги дава во проекција од ситуација во профил. Со програмата ELECTRA поддржани се информации за објектите вздолж преносната линија, како и други информации.

Проектни извештаи и документација

Програмата генерира извештаи за распоните, напнатоста и напрегањата на линиите, како и детална документација за ситуацијата и профилот со дополнителни можности за скицирање и означување (Labeling).

Анализа и приказ на клучните податоци

ELECTRA обезбедува анализа на безбедносните растојанија помеѓу линиите за пренос и теренот, овозможува приказ на различни пресметки на напнатост, под различни температурни услови и сили на напрегање. Исто така, поддржува проверки на безбедносните растојанија помеѓу проводниците.

Поддршка за ГИС податоци

ELECTRA поддржува интеграција со Autodesk MAP 3D функционалностите за управување на постојните и новите инфраструктурни просторни податоци. Поддржан е извозот на податоците од новата преносна линија во SHP, ASCII и формати на други податочни бази.

Интеграција со програмите од збирката CGS Infrastructure Design Suite*

Електра е составен дел од збирката решенија за проектирање на инфраструктурни објекти и ефикасно се поврзува со проектните податоците на патишта, железници и водотеци (реки, канали) за анализа на соодветни вкрстувања и конфликти (судири).

Предности на Electra

Интуитивен работен процес

Работниот процес на Electra консистентно ги следи стандардите во нискоградбата за проектирање патишта во Европа, кое интуитивно го води корисникот од почетокот до успешен завршеток на проектот.

Лесен за учење и за користење

Добро структурираните ленти (ribbons) и изборници (menus) и едноставните разговорници овозможуваат брзо учење за новите корисници, додека пак, алатникот (toolbox) и линијата за наредби нудат погодности за искусните корисници.

Поддршка за локалните стандарди

Electra е локализирана и ги поддржува локалните стандарди на неколку земји за проектирање и  изгледот на публицираниот цртеж.

Поддршка за тимска работа и соработка

Проектот може многу ефикасно да се раздели помеѓу повеќе членови од проектниот тим за истовремена работа врз него.

Единствен концепт за проектирање на попречните профили

Концептот „проектирај во еден - цртај во неколку попречни профили“ овозможува исклучителна ефикасност во процесирањето и уредувањето на попречните профили.

Различни нивоа на автоматизација

Различните нивоа на автоматизација овозможуваат брзо креирање на сегменти со слични попречни профили, како и управување со таквите профили каде условите често се менуваат. Секој попречен профил може да се обработува индивидуално со употреба на интерактивни наредби за цртање и уредување.

Природна CAD апликација

Electra е целосно интегрирана во CAD околината, така што сите податоци се зачувани во една или повеќе DWG датотеки. Цртежите можат да се променуваат со CAD наредбите во било која проектна фаза, што ви дава целосна флексибилност во процесот на проектирање.

Избор на CAD платформа

Electra може да се инсталира врз AutoCAD, AutoCAD Civil 3D, AutoCAD Map 3D, и/или BricsCAD, но функционалноста секогаш останува иста. Во иднина, ќе бидат поддржани и други CAD платформи; и ваквиот избор на CAD платформи на корисниците на Electra им дава можност да си го оптимизираат трошокот на сопственоста (Cost of Ownership), без да ги жртвуваат функционалностите.

 

 

 

 

 

Употреба

Проектирање на надземни далноводи

Поддржани CAD платформи

AutoCAD, AutoCAD Civil 3D, AutoCAD Map 3D (верзии 2016 до 2011), 32 и 64-bit; BricsCAD (верзии V15 до V13) 32 и 64-bit

Поддржани јазици

Англиски, Португалски, Словенечки

Поддржани стандарди

EN 50423-3-21; EN 50423-1

Сплетна страница на производот

www.cgsplus.com

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk