ОГЛАСИ ЗА СЛОБОДНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

 

Директор за бизнис развој

(Executive Business Development Manager)

Објавен: 23.11.2016

Услови / формално образование:

  • Магистер или дипл. инж. по информатика, електротехника, математика, или

  • Магистер на бизнис администрација – информатика, или

  • Магистер или дипл. инж. геодезија, или

  • Магистер или дипл. градежен инж. (нискоградба), или

  • Магистер или дипл. архитект – урбанист, или

  • Магистер или дипл. жнж. на  други технички науки

Работни задолженија:

Деловен, односно бизнис развој (Business Development) на подрачјето на ИТ управувани AEC (Architecture, Engineering, Construction) и ГИС услуги и производи на територијата на Македонија со следниве основни задолженија:

  • Извршна директорска позиција и овластувања за водење на фирмата и креирање на деловната политика во согласност со очекувањата на сопствениците

  • Продажен специјалист на ИТ услуги, пред-продажба и одржување на деловниот портфолио;

  • Подготовка на понуди, водење и управување на понуди за јавни набавки;

  • Управување на развојот на ИТ бизнис услуги, вклучувајќи го и управувањето на односите со клиентите и партнерите.

Како менаџер на бизнис развојот треба:

  • да гради разбирање за деловните и ИТ стратегии на клиентите и да им нуди решенија изградени врз SaaS (Софтвер како услуга) технологиите и ГИС ориентираните услуги;

  • успешно да раководи со целата постапка на јавните набавки на кои работодавачот учествува со понуда, која ги вклучува и големите ИТ решенија од на пр. Microsoft, Oracle, MapGuide и други SaaS услуги;

  • да продава AEC и ГИС решенија од соодветно ниво на големина и комплексност;

  • да има и развива искуство со проектни тимови во изградбата на специфични решенија за клиенти;

  • да има и развива искуства во изградбата на додадена вредност преку поддршката на развојот, како на комерцијалните, така и на ИТ услугите и решенијата кои се изведуваат врз основа на повеќегодишни договори;

  • да има и развива ускуства во изградбата и водењето на партнерства со клучните произведувачи, понудувачи и алијанси на AEC и ГИС технологии и опрема.

  • Други помошни работни задачи кои повремено се појавуваат за непречено функционирање на работата во претпријатието.

Услови за работа:

  • Работното место е опремено со преносен компјутер во мрежна работна околина, широкопојасен интернет пристап, лична (службена) електронска пошта, печатач, телефон, мобилен телефон, работно биро.

  • Службено превозно сретство, во спротивно се признаваат и исплаќаат трошоците направени со сопствено возило за службени цели.

Вработување и мотивација:

  • Атрактивна месечна плата и стимулации од успешно реализирани проекти;

  • Образование во земјава и странство (обично, специјализирани продажно-технички семинари и сл.)

Наши очекувања / барања од кандидатот:

  • Најмалку VII/1 степен на стручна подготовка со најмалку 5 годишно работно искуство во сродни области или на сродна функција.

  • Силни способности за развој на бизнис проекти од ИТ и другите инженерско-технички области;

  • Искусен продажен професионалец со исклучително владеење на макдонскиот јазик во пишана и говорна форма, силни вештини за презентација, преговарање и комуникација со клиенти, како од технички, така и од комерцијален аспект;

  • Потврдено искуство со големи (корпоративни) и клиенти од јавниот (државниот) сектор;

  • Способност за аналитичко размислување, ориентиран кон детали, прецизен и педантен;

  • Напредна компјутерска писменост: Одлично владеење на MS Office продуктите, разбирање на технологиите за развој на податочни модели (релациски бази на податоци), основни програмерски знаења - барем на VBA за MS Office продуктите и HTML;

  • Силни ВОДСТВЕНИ способности, САМОСТОЈНОСТ во извршувањето на работните задачи, проактивност и проницлливост, комуникативност, способност за организирање и управување со времето, насочен кон остварување резултати, работа со рокови и под временски притисоци;

  • Јазици: Задолжително Македонски и Англиски (најмалку ниво B1) - усно и писмено

  • Возачка дозвола Б-категорија. Пожелно е (не е нужно) поседување на свое возило;

Апликациите сочинети од воведно писмо и вашата биографија доставувајте ги на е-адресата petar.taskovski@geolink.com.mk.

Огласот е отворен до 20.12.2016.